Антиисламски германски десничар премина во ислам

Функционерот на  антиисламската и антиимиграциската Алтернативa за Германија(АфД), Артур Вагнер, поднел оставка на функцијата, откако премина во ислам, потврди портпаролот на оваа партија,  Данијел Фризе.

Фризе за германските медиуми изјавил дека  Вагнер го напуштил регионалниот одбор пред две недели заради лични причини.

Вагнер пак одбил да ја коментира својата одлука, изјавувајќи дека тоа се лични работи за кои не сака да зборува во јавност.

Инаку, тој изминатиот период бил дел од партија која во статутот има одредба врз која се темели програмата на партијата, а тоа е дека исламот како религија природно не припаѓа во Германија.

Сепак, пред да премине во ислам, Вагнер се приклучил на група која им помагала на бегалците дојдени во Германија.