Антикорупциска на јавна седница ќе разгледува приговор од СДСМ за изборите

Државна комисија за спречување корупција на јавна седница ќе го разгледа приговорот од СДСМ и коалицијата во врска со член 8-а од Изборниот законик , поднесен преку овластено лице Стевица Јосифовски.

-Приговорот се однесува на  Министерството за правда, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, НУ „Театар за деца и младинци“, како и на  Политичка партија ВМРО-ДПМНЕ предмет бр. 12-4905/1, стои во понесокот.

Исто така , на оваа седница ќе се разгледуваат приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик, поднесени од Наталија Белчевска од Валандово против Агенција за вработување на Република Македонија.

Инаку, според Законот за Собрание, новоизбраните пратеници, но и оние на кои им престанал манадатот, а не се повторно во новиот пратенички состав, имаат обврска до 30 јануари да поднесат анкетни листови за имотната состојба.

Според законот, пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основата на стекнување на пријавениот имот и да  депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

Пратеникот, исто така, е должен да пополни анкетен лист во рок од 30 дена по престанокот на мандатот.
Доколку пратеникот во рок од 30 дена по престанокот на мандатот биде избран или именуван на иста или на друга функција е должен да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата за новиот избор или именување.
Ако.мк актуелно-објективно