Антикорупциска одлучи дека антикорупционерот Бајрами не е близок роднина на Талат Џафери и нема судир на интереси

Нема судир на интерес, ниту непотизам во изборот на Нури Бјрами, за антикорупционер и заменик на истата комисија, инаку баџанак на претседателот на Собрание, Талат Џафери.

Вака одлучи новиот состав на Антикорупциска комисија, во која седи и Бајрами, на својата прва седница.

Според претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, според член 8 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

„Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаат родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби, ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, рече Ивановска.

Нури Бајрами дава свечена изјава пред својот зет за сестра, Талат Џафери

Баџанак е брат на сопругата, што значи Талат Џафери е женет со сестрата на Нури Бајрами. Ова се смета за блиска роднинска врска, иако Џафери и Бајрами не се во крвно сродство.