Антикорупциска смета дека нема судир на интерес во случајот ,,Фероинвест“

Антикорупцискат комисија смета  дека  не постои судир на интереси во случајот со добивањето тендер на фирмата во соппственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Претседателотна комисијата  Игор Тантуровски, вели дека законски тоа е така, но дека секој кој е на јавна функција мора да го има предвид и моралниот аспект.

„Јас ја слушнав изјавата на Анѓушев, се согласувам со него дека фирмата треба да продолжи да работи, дека таму има преку 800 вработени лица и дека тоа е нормална работа тие да продолжат да работат, но што се однесува до етичкиот и моралниот дел како заменик претседател на Владата,  одговорноста треба да ја понесе секој “ .

„Фероинвест“ во два наврата добил дел од тендерот за набавка на гумени траки.

„Фероинвест” доставил понуда до АД ЕЛЕМ на 12 април 2017 година во 15:37 часот преку Електронскиот систем за јавни набавски (ЕСЈН). Јавното отворање на понудите се одржало наредниот ден, а евалуацијата е завршена на 29 јуни. Првата аукција е одржана на 3 јули за сите пет лота (одвоени пакети за набавка). Првата одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена на 10 јули 2017 година, а решение од Државната комисија по жалби за јавни набавки (ДКЖЈН) со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 28 јули 2017 година.

Според ЕЛЕМ, повторната евалуација е почната по добивање на решението од ДКЖЈН и завршена е на 4 август 2017 година. Втората аукција е одржана на 8 август за сите 5 лота. Одлуката за избор е донесена на 15 август, а решение од ДКЖЈН со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 1 септември 2017 година.

Управителот на ,,Фероинвест најави дека  и во иднина ќе учествуваат на сите  тендери каде што фирмата има свој деловен интерес и каде што може да го оствари својот деловен потфат, бидејќи во групацијата „Фероинвест“ се вработени 800 луѓе. Затоа, секоја алузија на содружничката структура со вицепремиерот ја сметам за злонамерна и излишна“ – изјави Ратко Георгиевски, управител на „Фероинвест“.

Според Георгиевски, на овој начин апсолутно нема да се наруши угледот на Анѓушев, кој е еден од тројцата основачи на компанијата.

Денеска во одбрана на Анѓушев застана и премиерот Зоран Заев .

„Дали тоа значи дека семејството на Заев, коешто произведува ајвар, ниту една од државните институции не треба да конзумира ајвар, кадешто треба да има исхрана многу често предвидена и во заедничка менза. Фирмите во Македонија мора да живеат и треба да работат“ – изјави Зоран Заев.

Тендерот за набавка на гумени траки за потребите на РЕК Битола, вреден околу 2,6 милиони евра беше поништен во два наврата по жалби поднесени од учесниците во постапката. Сега, тој е во рацете на ,,Фероинвест, во која сопственички удел има Кочо Анѓушев, актуелен вицепремиер.

АКО.мк