Антикорупциска тврди дека Оливер Спасовски го прекршил Изборниот законик

 

Антикорупциска комисија за првпат во овој состав откако на чело на комисијата е Игор Тантуровски одржа јавна седница на која ја разгледуваше претставката од заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андов приотив министерот Оливер Спасовски.

Со мнозинство гласови членовите ја прифатија претставката изготвена и образложена од Фарие Алиу, во која таа тврди дека има основа за сoмнеж дека Спасовски го прекршил Изборниот закон затоа што направил одредени кадровски промени и поместувања. Антикорупциска побара Основно јавно обвинителство да преземе конкретни мерки и да формира предмет врз основа на нивните докази.

– Се работи за одлуки на Спасовски по распишување на предвремените парламентарни избори и не е почитувано мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата, рече Алиу.

На оваа седница се разгледуваат и претставките   на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското јавно комунално претпријатие.

Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за кои подносителите велат дека се прекршени.

Претставката на ВМРО-ДПМНЕ , се однесува на прекршување на членот 8б од Изборниот законик, а во Комисијата го води претседателот Игор Тантуровски. Како што тврди Илија Илиоски, како претставнк на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата предводена од СДСМ, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското комунално претпријатие за партиски цели злоупотребувале службени возила.

И за овој предмет, мнозинството членови побара од Основното јавно обвинителство да преземе мерки и да достави повратна информација до Комисијата пред таа дополнително да расправа по него.