Анѓушев: Реалните бројки говорат дека нема поуспешни 2 и пол години во историјата на државата

,, Бројките се тие кои го покажуваат успехот на реалната економија. Бројките говорат за тоа дека претходно за 5 години, претходната власт донесе 23 странски инвестиции вкупно. Сега, за само 2 и пол години ние донесовме 30 странски инвестиции, тоа се  бројки со кои треба да се гордееме“-рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на вечерашната трибина ,,На прав пат“ во Кавадарци.

Тој посочи дека минатата недела била пуштена една фабрика, а следната недела веќе треба да се пушти нова, како и дека 15 фабрики се градат во моментов.

Според Анѓушев, за 2 и пол години се вработиле  54.000 луѓе , кои не се во администрација.

,, Тоа се луѓе кои се вработени во инвестираните капацитети во државата. Денеска имаме нето плата која е над 25.000 денари. Платата порасна за 2 години за 10 посто. Во дел тоа можеби се должи на порастот на минималната плата, но во суштина тоа го направи реалната економија и развојот на пазарот на трудот, преку отворање на работни места, каде истовремено  расте конкурентнста и се качуваат платите“, посочи Анѓушев.