Новак Ѓоковиќ продолжува со сигурни настапи на Австралија Опен, првиот на АТП листата со  3-1 славеше победа против Медведев од Русија. Ѓоковиќ имаше мали проблеми во вториот  сет кој го загуби во тај брејк, во останатите тенисерот од Србија немаше никакви проблеми, резултатот по сетови 6-4, 6-7/5, 6-2 и  6-3 . Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето е Кеи Нишикори.