Апасиев за ,,последната вербална дијареа на Сороспиите(против Фрчко и компанија)“

Членот на Левица и професор, Димитар Апасиев е против референдумот и е дел од движењето ,,бојкотирам“. Тој напиша колумна за левичарскиот портал Антропол, со наслов ,,Последната вербална дијареа на Сороспиите( против Фрчко и компанија“), во која ги критикува ,,апологетите на власта“, ,,сороспиите“ и ,,т.н. елита на социјалдемократите“.

Ви пренесуваме дел од таа колумна:

,,Натофундаментализмот во Македонија, инициран и поттикнуван од една самонаречена елита на „социјалдемократите“ и слични сателити кои гравитираат „лево од центарот“, е моментно најголемиот современ непријател на Републиката! Сакајќи оваа штетна и фејкерска појава да ни ја прикажат како „спасоносна операција за државата“, овие интелектуални Сороспии се унижуваат до сопствено непрепознавањe и бесмисла, само и само да си ги одработат однапред штедро платените надници. Во овие карикатурални ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот.

Сите овие проамерички аргати кои се одмочуваат од само една насмевка на некој странски амбасадор – камуфлирани во разно разни професори, уредници, новинари, колумнисти и други „сатанисти“ (замаскирани во аурите на разно-разни Фрчковци, Најчевци, Геровци, Тричковци, Ордановци, Ружиновци, Кабрановци, Кокалановци, Ероловци, Гораневци, Денковци, Јаневци и други слични Борјаневци) – ја вознемируваат широката публика, како наводни „опинион-мејкери“, со божемни апокалиптични сценарија во случај на неуспешен референдум, не можејќи да сфатат дека баш тој неуспешен референдум е спасоносен за Републиката и првата почетна точка кон нашата посветла и просперитетна иднина, која зависи од нас самите. Доколку не успее референдумот, Македонија во перспектива ќе влезе во ЕУ со нејзиното уставно име и никако поинаку! НАТО приказната тука ќе биде завршена, бидејќи и онака Македонија не е земја со атлантска, туку со европска култура и историја. Впрочем, Тито тоа најдобро го знаеше, па затоа ги направи „Неврзаните“.

Ова гнасно пропагандно користољубие на горенаведениот соросписки хор, сиот нивен предреферендумски дилентантизам со кои одработуваат за сумите со кои се преплатени и за жиро-сметките за кои се опсесивно лукративно врзани – слободно можеме да го сместиме во категоријата на антинародна публицистика. Највисок степен на професионално и персонално унижување е кога ќе видиш „успешни луѓе“ кои до април тврделе едно, како од мај имаат дијаметрално спротивни ставови, за едно исто идентитетско прашање – фундаменталното прашање за самоопределување на народите! Тоа е свето и неприкосновено право за кое се воделе народно-ослободителни и антиколонијалистички војни насекаде низ светот, но за овие петоколонаши и квислинзи нема ништо свето, сè е бруто или нето“-пишува Апасиев.

Извор: Антропол

(Димитар Апасиев е член на Президиум на Левица)