Апелациски суд го потврди притворот за Сеад Кочан

Скопскиот Апелациски суд соопшти дека го потврди притворот за бизнисменот Сеад Кочан.

„Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство. Истовремено советот одлучи дека останатите причини поради кои била определена мерка притвор не се исполнети“, се вели во соопштението на судот.

Советот од тројца судии, Лилјана Ивановска Шопова, Јани Нича и Африм Фидани одлучиле делумно да ја прифатат жалбата на адвокатот на Кочан, Никола Додевски.

Претходната одлука за притвор на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје, беше определна по три основи, а сега со решението на Апелација се определува само по една – поради опасност од бегство.

Сопственикот на телевизија Нова, бизнисменот Сеад Кочан ја напушти државата еден ден откако Кривичен донесе одлука да му одреди 30 дневен притвор. Кочан е под сомнение дека со лажна документација формирал конзорциум и на тендер добил зделка во вредност од над 17 милиони евра за ископ на јаловина во РЕК „Битола“.

 

Соопштение на Апелациски суд:

,,Апелациониот суд Скопје известува дека, по одржана јавна седница на ден 15.03.2017 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје на ден 16.03.2017 година донесе решение КСЖ-135/17,  со кое жалбата на осомничениот С. К. од Скопје, изјавена преку бранителот Адвокатско друштво Никола Додевски – адвокат Никола Додевски, е делумно уважена.

Решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство согласно член 165 ст.1 т.1 од ЗКП.

Истовремено советот одлучи дека останатите причини од член 165 ст.1 т.2 и 3 од ЗКП, поради кои била определена мерка притвор не се исполнети.

Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.“

 

АКО.мк