Апелација ја намали казната за Сеад Кочан од 6 на 4 години и 8 месеци

Aпелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“ , по одржана јавна седница,  донесе пресуда со која жалбите на обвинетите Сеад Кочан  и Василије Авировиќ , делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот Кочан го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

            Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

Сеад Кочан претходно со првостепена пресуда беше осуден ан 6 години затвор, а Авировиќ на 3 години затвор.