Апликација за Мој ДДВ за регистрираните на системот е-Персонален данок

Апликацијата МојДДВ е достапна за преземање преку следниот линк МојДДВ.

Сите вие кои сте регистрирани на системот е-Персонален данок, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Граѓаните кои не се регистрирани, се повикуваат да се регистрираат на е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.