Апостолова: Андонов има дијагноза,Науновски малтретирал студентки

Сопственичката на МИТ универзитет, по извршениот претрес во нејзиниот стан и во просториите на МИТ универзитет, обвини дека зад сето ова стојат поранешните професори, вработени кај неа, Оливер Андонов, сега заменик министер за внатрешни и Тони Науновски член на Комисија за заштита од дискриминација.

Таа за медиумите даде изјава,во која вели дека истрагата против приватниот МИТ универзитет, е политичка пресметка

Видеото е преземено од A1 он:

ОЈО пак, соопшти дека претресот е завршен и дека постојат сериозни индиции за кривични дела. Истрагата е спроведена по пријави од студенти од Турција дека се сомневаат дека факултетите на кои се запишани, немаат акредитација.