Апсењето во северна Косовска Митровица наводно поради истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Според соопштението на Косовските полициски сили, по налог на надлежен суд извршени се рации во северна Косовска Митровица, а во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

Уапсени  се тројца Срби, наводно заради поврзаност со истрагата за убиството на Ивановиќ, а едно лице е уапсено затоа што давало активен отпор.

Оваа акција доаѓа во светло на затегнатите односи меѓу Белград и Приштина поради економските санкции кон српските производи кои од вчера се оданочуваат со 100 посто повисоки такси.

При апсење е користена сила и шок бомби.

 

Припадниците на РОСУ, специјални полициски сили на Косово, ги уапсиле Драгиша Марковиќ, Саша Ќурчиќ и Марко Рошиќ, во врска со истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ и уште едно лице кое давало активен отпор.

Закажана е вонредна седница на Владата на Србија, а на пладне протести на косовските Срби во северна Митровица.