Апсењето на разузнавачот Кошиновски за Ване Цветанов е разочарување и кукавичка операција

,,Апсењето од страна на Одделот за потраги при МВР, на нашиот соборец Тоше Кошиновски, е само уште еден доказ дека врвот на МВР нема целосна контрола врз институцијата, и дека на високи позиции во МВР сѐ уште има инспектори верни на Груевски“ –реагира Ване Цветанов, поранешен директор на Управа за спречување на перење пари и осуден во времето на Груевски во судскиот процес ,,Шпион“.

Според Цветанов ,,оваа кукавичка операција е направена да се создаде немир и незадоволство кај жртвите на правосудниот систем точно пред референдум“.

,,На кукавиците што го направија ова гнасно дело им го порачувам следново“-вели Ване Цветанов.

1. За патриотизам треба да учат од Тоше, бидејки не му се ни до колена во однос на сите лични жртви кои ги има направено на своја штета, а во корист на РМ.
2. За професионализам не му се ни на ноктот од малиот прст, затоа што кога Тоше организираше и работеше опасни операции по разни држави, а во интерес на РМ, дотичните за проблематиката беа запознаени од филмовите со Џемс Бонд.
3. Операцијата за правење незадоволство во наши редови нема да успее. Сите ние ќе дадеме максимум за референдумот и Референдумот ќе успее. Премиерот Заев и Владата, ги имале, ги имаат и ќе ги имаат нашите доверба, разбирање и подршка.

Почитувани соборци, Вам ви го порачувам следново:

1. По референдумот започнуваме со операција расветлување и расчистување со
,,Процесот Шпион“. Предавството и пазарлукот со нашите судбини од страна на СЈО. Имаме многу што да кажеме за лицемерието и гадотиите во таа институција, за одредени поединци се разбира, не за сите…
2. Ќе започнеме со откривање на политички монтираните процеси од времето на режимот. Не може да имало режим, а да нема злосторници и жртви. Ќе поднесуваме барања за расветлувања на сите политички монтирани случаи, но ќе вадиме докази и од наша страна.
3. ЌЕ ИНСИСТОРАМЕ лоцирање на монтажерите од МВР и барања за нивна одговорност.

4. ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ Лоцирање на Обвинителите кои имаат извалкани раце со крв, и ќе бараме одговорност.

5. ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ Лоцирање на судиите кои што судеа без докази. Истите ќе бидат соочени со изборот, да сведочат кој ги уценувал или ќе си одговараат.

Почитувани пријатели, доаѓа време за демонтажа на режимот. 

Со приемот во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ, ќе започнат реформи во институциите од правосудниот систем. А ние жртвите, постојано ќе потсетуваме и ќе инсистираме да се пронајдат сите слуги на режимот и да си одговараат.

Ние примивме многу удари и останавме на нозе. Ќе го издржиме и овој кукавички удар.
Од октомври почнуваме ние да удираме, по сите слуги на режимот. Доаѓа време за пресметка со злосторниците!

Затоа, да излеземе масовно на референдумот, да дадеме подршка, ЗА иднината на Македонија, бидејки сме поголеми во душа и срце од слугите на Грујо, и нашата љубов кон Македонија е поголема од болката што ни ја направија и сѐ-уште ни ја прават гнасите на Грујо, кои сеуште имаат позиции и роварат по институциите!“-пишува Цветанов на својот ФБ профил како реакција на апсењето на Кошиновски и негово носење на дослужување на затворската казна од процесот ,,Шпион“.

Разузнавачот Тоше Кошиновски, по налог на скопскиот Кривичен суд, а заради доиздржување на затворска казна за кривично дело шпионажа, за кое правосилно е осуден на затворска казна во траење од три години, беше уапсен пред два дена.

Тој има издржано две третини од затврската казна, но за него, по налог на Кривичниот суд, била активирана потерница.

Фото: Фокус