Апсење во Црна Гора на денот на избори

На денот на парламентарните избори вом Црна Гора, во текот на ноќта, беа уапсени 20 лица од Србија осомничени дека тука престојуваат за да извршат напади на државните институции и да го киднапираат актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ.

Меѓу уапсените е и поранешниот шеф на жандармеријата Братислав Дикиќ.

Српскиот премиер Александар Вучиќ искажа голема загриженост за ваквите инсинуации, но се воздржа од коментар до утре.

Во Црна Гора се води жестока борба меѓу политичките конкуренти, Ѓукановиќ да ја задржи долгогодишната власт, а опозиционерите да го тргнат од неа.

Вечерва треба да се знаат првите прелиминарни резултати од гласањето.