Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, несебично и на најбрз можен начин реагираат при денешната тешка сообраќајна несреќа на Стража.

Благодарејќи на брзата и стручна реакција на армиските припадници, меѓу кои и армискиот доктор Миле Цветковски, кои извршувајќи задача се најдоа во близина на денешната тешка сообраќајна несреќа кај превојот Стража, со благовремена прва помош во имобилизација и превезување на повредените од несреќата до најблиската здравствена установа се превенираа можни потешки последици, известуваат од АРМ.

Во судир на два автомобила беа повредени 5 лица, од кои едно потешко.