Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната ,,Илинден“ во Скопје, на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.

,, Нека ни е честито полноправното членство во НАТО ! “-порачаа од АРСМ.