Јувентус официјално потврди дека Арон Ремзи потпиша договор со клубот за неделна плата од 400.000 фунти. Договорот на 28 годишниот играч од средниот ред и репрезентативец на Велс со Јувентус е со важност од четери години.

Ремзи со овој договор стана втор најскап играч кај „старата дама“, и играч со најголема плата од Британија. Ремзи ќе се пресели кај Јувентус по завршувањето на тековната сезона. Ремзи беше член на Арсенал 11 години и се реши да ја смени клупската средина.