Асаф Адеми ја презеде должноста од Алаѓозовски кој станува Национален координатор за култура

Новиот Министер за култура, Асаф Адеми, на примопредавањето на должноста од Роберт Алаѓозовски, рече дека реформите во културата, донесувањето на новиот закон за култура, новиот колективен договор за вработените во културата, како и другите проекти започнати од Роберт Алаѓозовски, ќе бидат негов приоритет.

Министерот Адеми првин се обрати на албански јазик, а потоа на македонски, но нагласи дека ќе биде министер на  сите граѓани .

Роберт Алаѓозовски објави дека заминува на нова должност, а тоа е Национален координатор за култура во кабинетот на премиерот Заев.

Асаф Адеми е кадар предложен од БЕСА.