Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) со хуман гест, ќе донираат сретства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа кај Карпалак.

Во соопштението на АСОМ се вели дека тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) и нејзините постојани и придружни членки: Спорт Лајф, Моцарт, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Банана Кик, изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и што поскоро опоравување на повредените во автобуската несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.

Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани.

Членовите на АСОМ итно и едногласно донесоа одлука за донирање на средства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија“, стои во соопштението на АСОМ.