Астрономите откриваат детали за новооткриениот ѕвезден систем од 7 планети(видео)

Астрономите од час во час на јавноста и откриваат нови детали за неверојатното ново откритие на новиот ѕвезден систем кој се состои од 7 планети слични на Земјата и со голема веројатност на постоење живот на нив. Системот е на одалеченост од 40 светлосни години од нашата планета и е наречен  „Трапист 1“, а во него земјовидните планети кружат околу една мала џуџеста ѕвезда.

Со лансирање на телескопот  „Џејмс Веб“ во 2018 година, научниците очекуваат уште попрецизно проучување на ѕвездениот систем . Тој телескоп ќе биде во можност да регистрира постоење на хемиски траги, вода и кислород.

Во поволни атмосферски услови, многу е веројатно на тие планети да има вода.

 

Научниците се воодушевини затоа што никогаш досега не е откриен ѕвезден систем со толкав број, најверојатно карпести планети, вели Сара Сигер, професорка за планетарна физика на Институтот за технологија во Масачусетс.

Шест планети кои се поблиску до малата ѕвезда околу која се вртат, би можеле да имаат температура од 0 до 100 степени. На три од нив може да има вода.

Мишел Гилон и неговиот тим од Универзитетот во Лијеж открија со помош на телескопот   „Спицер“ седум планети слични на Земјата.