Атанасов до директорите-не ги злоупотребувајте учениците

 

,,Оние кои злоупотребуваат деца и ученици, за лични, партиски, криминални агенди, многу брзо ќе се соочат со законот и ќе одговараат.

Недозволиво е да се повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза.

Тоа е кривично дело!

Затоа порачуваме на раководствата на училиштата да ги заштитат учениците. Да не дозволат никој да манипулира и да ги злоупотребува за партиски цели.Вакви повици до ученици, за бојкот на настава за партиски протести, никогаш повеќе нема да се повторат“-порача Петар атанасов од СДСМ.

,,И учениците и родителите имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден и потоа.

Демократските процеси се незапирливи.

Училиштата ќе бидат места каде што децата ќе бидат воспитувани и образувани во духот на заедништво, соживот и демократски вредности.

Не за поделбите и изолацијата, да за иднината и за животот“-рече Атанасов.