Атанасов со лажна диплома станал директор на ,,Водовод..,Трајановски да ја преиспита својата одлука

Државниот инспекторат за труд потврди дека Александар Атанасов бил назначен  за директор на ,,Водовод и канализација“ од страна на градоначалникот Коце Трајановски, иако неговата диплома била лажана.

Ова го утврди Државниот инспекторат за труд по претставка на Синдикатот на работниците СУТКОЗ , кој испрати доказ до инспекторатот дека докумантацијата со која Атансаов конкурирал за директор на Водовод е невалидна , а уверението за завршен факултет лажно.

Сепак , градоначалникот и покрај очигледниот фалсификат, го именувал Александар Атанасов за директор на јавното претпријатие. Се шпекулираше дека тој е братучед на сопругата на Никола Груевски.

Државниот инспекторат за труд сега бара од скопскиот градоначалник да ја преиспита својата одлука за избор на директор на ЈП Водовод и канализација и да донесе одлука согласно своите надлежности. Инаку, Атанасов беше назначен за директор на 11.02.2015 година со одлука на градоначалникот на Скопје кој доставил превод на диплома за завршено високо образование на Њујорк Емпаер Стејт Колеџ, кој не се наоѓа на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот. Документацијата не ја содржеше наводната оригинална диплома.