Атанас Кировски ѝ ја цензурирал емисијата ,,Код“ на Лупевска

,,Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури, а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаи тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов, а Христијан е без рака, но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства. Почитувани пријатели, од етички, морални, но пред се човечки причини, решив, и покрај можните последици за мојата кариера и работа во телевизијата, на мојата ФБ страница да ја објавам целосната емисија, со првиот прилог, така како што беше направена и таква каква што требаше да ја погледнете. Јас останувам на страна на вистината и искрено се надевам и верувам дека оваа емисија ќе допре до сите вас и заеднички ќе им помогнеме на семејството на Александар, на Христијан “-пренесува Либертас.

Но, граѓани реагираат на социјалните мрежи дека Лупевска не ја кажува целата вистина и пишуваат дека двајцата работници настрадале во кавадаречката приватна фабрика ИГМ Трејд на бизнисменот Илија Гечев.

Ова не е првпат Кировски да им ги цензурира прилозите , емисиите или текстовите на новинарите во Телма. Уште на почетокот од преземањето на директорското место во оваа телевизија, тој направи класична цензура на прашања на новинарката Јасминка Аневска упатени до тогашниот премиер Никола Груевски веднаш по објавувањето на првите ,,бомби“ од Заев.

Инаку, на интернет може да се најдат неколку објави за настрадани работници во ИГМ.

Во 2014 година, Х.С (21) година од селото Манастирец настрадал на работното место додека ја опслужувал машината во ИГМ Трејд во Кавадарци.

Екипа на медицинската помош веднаш пристигнала во фабриката. Повредениот бил пренесен на хируршкото одделение во кавадаречката болница, од каде е пренесен на скопските клиники поради сериозните повреди и обилно крварење.Тој останал без рака.

„На 26.12.2017 година околу 14.30 часот во Кавадарци, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, Г.С. (42) и М.М. (40), двајцата од Кавадарци, паднале од корпа која била подигната со работна машина.  При падот, Г.С.  се здобил со тешки телесни повреди, додека М.М. се здобил со телесни повреди“.

АКО.мк