Пред 24 година врз Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат.

Отогаш имаше бројни заложби и ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени и донесени пред лицето на правдата, но досега не е решено ама баш ништо, а аатентатот врз првиот македонски претседател, паѓа во заборав.

Пред две години, Стојан Андов предизвика шок со својата последна книга, во која тврди дека организаторот на атентатот врз претседателот Киро Глигоров, е познат.

Ова може да се заклучи од најновите две книги на Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, а особено од последната, „До атентатот и по него“.

Во оваа книга, во неколку пасажи, Андов речиси директно посочува на Љубомир Фрчкоски, тогашен министер за внатрешни работи, како можен организатор на атентатот. Авторот, на пример, раскажува за своја средба со претседателот Глигоров пред атентатот, во вилата „Билјана“ во Охрид, во која тогашниот шеф на државата му се пожалил дека Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски и други раководители на СДСМ, од него (од Глигоров), барале да си поднесе оставка. Кога го прашале Киро Глигоров кого го смета за свој наследник, Глигоров го спомнал Стојан Андов, тврди авторот на мемоарската книга.

По ова тврдење, Фрчкоски го тужеше Андов, а судот донесе времена непопуларна мерка, забрана на книгата, што само ги подгреа уште повеќе сомневањата на јавноста по објавата во книгата.

Во историјата ќе остане запишано дека на 3 октомври 1995 година врз Претседателот на Република Македонија беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.

kiro-gligorov

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

atent0
atentat-7

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодираше кога автомобилот на Претседателот поминувал покрај него.

Од силината на експлозијата, Цитроенот беше целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа е  производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имале смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри.

Овој автомобил бил намерно избран за поставување бомба, затоа што има тенок лим, којшто може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на Претседателот. Нападот се случи само еден ден откако македонскиот Претседател беше во Белград на средба со Слободан Милошевиќ,  при што претседателите на двете земји постигнаа договор за мегусебно признавање на двете земји.

images

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати, а истрагата не е затворена.

Во еден период од страгата беше изработен и фото робот на можниот извршител, а сцени од атентатот се користеа како лајт-мотив на американските криминалистички серии .

kadar-kiro1

Тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски,  како нарачатели ги посочи бугарската „Мултигруп“, југословенската „КОС“ , но и „Братиславска врска“, но не се пронајдени цврстии докази околу нивната вмешеност во атентатот. По ова, раководството на бугарската организација „Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации.

Во април 2008 година е лиферувана и информација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација „Кос“, но и оваа информација никогаш не е потврдена.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.

Првиот Претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1- ви јануари 2012 година.

АКО.мк