Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара

Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов Генадијевич е тешко ранет во напад на отворањето на една изложба во Анкара, јавува Хуриет.

Според весникот мотивот за нападот врз амабасадорот е непознат, а тој се наоѓа во животна опасност.

Карлов е префрлен во болница, а во нападот се ранети уште неколку лица.

Според медиумите , Карлов присуствувал на отворање на изложбата ,,Русија во очите на Турците,,. Според претставници од руската амбасада, нападот е извршен од радикални исламисти.

Инаку, во повеќе градови во Турција се одржуваат протести заради руската улога во решавање на граѓанската војна во Сирија.