Атлетико Мадрид трет пат во својата клупска историја е победник на Лига Европа. Во финалниот меч на “Стад де Лион“ Атлетико со 3-0 (1-0) го совлада Олимпик Марсеј.

Целата работа за Шпанците ја заврши францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој ги постигна двата гола. Тој во 21 минута ја искористи големата грешка на противничката одбрана, односно, на голманот Манданда и на Замбо Ангуша, и со прецизен удар го надмудри искусниот француски голма,  за водство на Атлетико од 1-0. Олимпик го заврши полувремето без капитенот Димитри Паје кој во 32 минута заработи повреда поради која мораше да биде заменет.

UEFA President Aleksander Ceferin (L) and Spain’s King Felipe VI (C) attends the UEFA Europa League final football match between Olympique de Marseille and Club Atletico de Madrid at the Parc OL stadium in Decines-Charpieu, near Lyon on May 16, 2018. (Photo by JEFF PACHOUD / AFP) (Photo credit should read JEFF PACHOUD/AFP/Getty Images)

На стартот на вториот полувреме повторно мајсторијата на Гризман за водство на Атлетико од 2-0.  Францускиот репрезентативец во 49 минута ја искористи асистенцијата на Коке и со лоб удар го совлада искусниот Манданда. Точка на натпреварот стави Габи во 89 минута од средбата.