Афроамериканците добија музеј

Американскиот Претседател Барак Обама, на крајот од својот втор мандата во Белата куќа, во Вашингтон го отвори првиот музеј посветен на животот, културата и историјата на афроамериканците. Во говорот по повод отворањето Обама рече дека нивната историја е централен дел од американската. Меѓу илјадниците слики и експонати може да се видат елементи од периодот на ропството..

afro-muzej

..преку борбата за човекови права..

afro2

..па до седумдесетите години на минатиот век кога афроамериканците станаа дел од општеството со исти права и почнаа да ги уживаат благодетите на животот.

afro3

Меѓу присутните гости беше и поранешниот претседател Џорџ Буш кој во 2003 година го потпиша предлогот за авторизација за изградба на овој музеј.