Ахмети: Без прифаќање на Платформата, нови избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју на тв21 најави дека не се исклучени нови парламентарни избори. Тој најави дека ќе преговараат за нова Влада со ВМРО ДПМНЕ и нагласи дека единствено тој може да преговара за тоа, за што има статутарно овласување од партијата.

Меѓутоа, немаше одговор на новинарските прашања дали е сигурен дека ВМРО ДПМНЕ би ги исполнил барањата што се поставени во Платформата. Доколку во законскиот рок не добијат позитивен одговор од Груевски дека ја прифаќа Платформата , тогаш најверојатно ќе се оди на нови избори, рече Ахмети.

Од друга страна, Извршниот одбор на СДСМ апелираше до сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ,  да не  дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија.