Ахмети вели дека е главен и дека знае кого каде испратил

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој е растргнат меѓу ,, желбата” да коалицира со ВМРО ДПМНЕ и да состават нова Влада, и отпорот што го има внатре во ДУИ, но и меѓу гласачкото тело , по маратонските состаноци, вчера во Мала Речица, за ТВ 21 изјави дека тој е главен во партијата. -Знам кого каде и зошто сум испратил, одговори тој на прашањето дали знае дека градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта е виден во седиштето на СДСМ.

Камерите на ТВ21 го снимија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во моментот кога го напушташе седиштето на партијата во Мала Речица. На прашањето со кого ќе коалицира ДУИ, вели дека се уште  нема одговор за тоа, иако вечерва на полноќ истекува уставниот рок за состав на нова Влада и парламентарно мнозинство. Мандатар е Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, но одлучувачки се десетмината пратеници на ДУИ, па тие се растрчани најмногу од сите партии, бидејќи нивната одлука ќе биде пресудна кој ќе формира мнозинство.

-Се водат преговори за доброто на сите граѓани, албанци, македонци, власи,роми,на сите – изјави Ахмети пред седиштетео на ДУИ во Мала Речица .

На коментарот на новинарот дека автомобилот на Невзат Бејта е паркиран пред седиштето на СДСМ  Ахмети одговари:- Јас сум претседател и во секое време знам каде кого сум пратил и за што сум го испратил.

Пред еден час ТВ21 јави дека тројата потпретседатели излегле од консултациите со Ахмети во Мала Речица, а Алсат М подоцна објави дека Изет Меџити потоа се вратил на состанокот.

Денеска, ВМРО ДПМНЕ треба да објави дали успеале да обезбедат мнозинство или пак ќе го вратат мандатот.

АКО.мк, ТВ 21