А:Жал ми е, но албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица?

-Нема. Но, може да помине.

А:Може да помине? Па, нека помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик, рече меѓу другото претседателот на ДУИ, во емисијата 200  на телевизија Алсат.