Ахмети искажа голема разочараност од резултатите

,,Сакам да дадам оцена за организација на изборите. Сите треба да го прославиме доброто организирање, ова е прогрес, созреавме да организираме слободни избори. ДУИ секогаш апелираше кај албанците и баравме тие да не се раздвојуваат, да не се делиме, бидејќи ќе се изгубиме. Ги повикувавме малите партии да се сплотиме за да победиме, но ние албанците ги изгубивме мандатите, нашата партија доби, но не и албанците . Не сум среќен заради нашата победа, ќе бидеме определени да продолжиме да работиме за наш просперитет,, -рече видно разочараниот лидер на ДУИ Али Ахмети..

,,ДУИ нема да го промени курсот, туку ќе работиме пожестоко да го продолжиме процесот кон ЕУ и НАТО. Ние ќе бидеме силни бранители на договорот од Охрид.

ДУИ ќе биде фактор на стабилност, нема да отстапиме, напротив ќе бидеме појаки за одбрана на нашите цели.

Оваа ситуација сега е многу сериозна, посебно меѓу албанците, но и сите останати,,-рече Ахмети.

Тој очекува ДУИ да добие 11 мандати, а другите партии на албанците уште најмногу 10.