Ахмети и ДУИ непожелни во Дива населба

 

Али Ахмети и неговите сопартијци денеска беа избркани од Куманово, во обид да остварат средби со жители на населбите. Во Дива населба каде пред година и пол имаше акција на полицијата во која беа убиени повеќе припадници на вооружена терористичка група, меѓу кои и еден член на ДУИ, воопшто не им беше овозможен пристап. Тогаш беа убиени и осум полицајци.

Телевизиите на албански јазик објавија видеа од инцидентот:

Телевизијата 21 јави за искршени стакла на возилата со кои членовите на ДУИ се обиделе да поминат:

Ова е прв обид на ДУИ да влезе во Дива населба по вооружениот инцидент. Таму, единствено Зоран Заев влезе и оствари средби со жителите, и тоа неколку дена по настанот.