Ахмети и Заев во Мала Речица разговарале на македонски јазик

По средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев во седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица, Али Ахмети даде изјава за новинарите, вообичаено на албански јазик.

Двојазичноста во Македонија е уставно загарантирана, па тој тоа го користи и затоа со новинарите зборува на албански јазик, како што рече , а со Заев зборувал на македонски јазик.

На овој начин Ахмети ја демонстрирал двојазичноста, вчера, во Мала Речица.

Но, за волја на вистината Ахмети никогаш во јавноста не се обратил или дал изјава на македонски јазик, па дури и кога имало проблем да се разберат со новинарите, па морало некој од соработниците да помогне и да преведува.

,,Деновиве ќе го свикаме претседателството на партијата за да донесеме важна одлука“-рече Ахмети и додаде дека експертите треба да ги разгледаат разликите кои се уште ги имаат со СДСМ околу уставното користење на албанскиот јазик како службен во Македонија.