Ахмети кумуваше на кризата со Платформата, па сега се прави дека не е од тука

Претседателот на ДУИ Ахмети по средбата со Карл Билт во Мала Речица рече клучот за решение на политичката криза е кај ,,македонските партии“.

– Главната полититичка одговорност паѓа на големите македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ -рече Али Ахмети откако на врат, на нос ја создаде Платформата на Албанците на Божик и им даде ас во рака на ВМРО ДПМНЕ да ги прави опструкциите, сега и во Парламент.

-Сега меѓунардоната заедница е заинтересирана да и се помогне на Македонија за излез од политичката криза. Јас ги информирав дека ДУИ ги направи сите свои обврски околу формирање на новото мнозинство, дека сме ја дале нашата подршка и правиме напори да се надмине оваа криза, но, секако дека е потребно олеснување на пороцесот од страна на нашите пријатели. Ќе видиме како и дали ќе рефлектираат страните во овој процес, меѓутоа главната политичка одговорност паѓа на големите македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Тие да се надминат себеси и да го стават интересот на државата. Не гледаме дека предвремените избори се решение за состојбата, изјави Ахмети.

Во однос на информациите дека СДСМ имал намера да свика седница на Парламентот пред празниците, а од ДУИ одбиле Ахмети посочи дека тоа се шпекулации бидејќи, како што рече, Собранието функционира, а и имало согласност тоа да не работи пет денови, и со работа да продолжи денеска.