Ахмети се сретна со Села-пропадна обидот за заедничка преговарачка платформа

Во хотелот Александар Палас во Скопје лидерот на ДУИ остварува средба со градоначалникот на Струга Зијадин Села, откако другите лидери на политички партии на Албанците во Македонија не се одзваа на поканата на Али Ахмети.

ДПА и БЕСА одбија да учествуваат на средбата, со што пропадна обидот на Ахмети да биде обединувачки фактор на политичките претставници на Албанците и со тоа , нема да можат да настапат со заедничка платформа во преговорите за формирање Влада.

Беса претходно објави дека немаат намера да разговараат со личности за кои се води истрага во СЈО.