Вмровскиот апологет Ацо Станковски, инаку сликар, во емисија на радиото ,,Слободна Македонија“ изрече грст закани кон пратениците на СДСМ и партиите на Албанците. Во етерот одеа неговите директни закани дека ова во четвртокот бил само жолт картон, а ако не им дојде памет следува црвен .

Станковски рече буквално,,да беше некој друг народ до еден ќе ги линчуваше и никој немаше да остане жив, но сепак овој благороден и питом народ закочи во тие последни моменти да не ги сможди како комарци на ѕид и да остане само црвена флека од нив. И не им доаѓа памет и покрај ова предупредување. Сепак странците веројатно нема да се вмешуваат во можна граѓанска војна, односно народот ќе си воспостави своја власт или изнудување на воена состојба од претседателот Иванов, кој веројатно и тоа ќе го направи во даден момент и потоа ќе почне масовно да се апси. Овој народ не се шегува, беше доволно трпелив“-рече Станковски.

Ацо Станковски со години беше еден од најекспонираните од војската т.н. аналитичари кои секојдневно на режимските телевизиии ги бранеа сите потези на раководството на ВМРО ДПМНЕ.Тој има своја емисија на радио ,,Слободна Македонија“ која се снима и како видео материјал

АКО.мк