Ајакс е вистинско изненадување во Лигата на шампионите, полуфинале за младиот тим од Амстердам по победата во Торино со 1-2 .

Се добро тргна за Јувентус кој поведе со голот на Роналдо во 28 минута. Ајакс брзо одговори со голот на Ван де Бик по само осум минути игра.

Во вториот дел , малдиот тим на Ајакс го надигра Јувентус и поентираше со голот на Матијс Де Лихт во 67 минута . Јувентус во вториот дел не го погоди голот на противникот ниту еднаш. Ајакс е сензација сезонава во Лигата на шампионите, никој не очекуваше дека овој тим ке успее да стигне до полуфинале , но тоа е реалност, Европа ужива во резултатите на новите фудбалски херои од Холандија.

Ајакс ќе игра во полуфиналето со победникот меѓу Тотенхем и Сити.