Аљбин Курти не се откажува од обединувањето на Косово и Албанија

Кандидатот за премиер на Косово, Аљбин Курти, чие движење ,,Самоопределување“ освои најмногу гласови на последните парламентарни избори, вчера повтори дека се залага за национално обединување на Косово со Албанија.

Тој, како што пренесува РТС, потенцирал дека зборува за федерација, а не обедиунување во Европа.

Курти целата своја политичка кариера го застапува т.н. проект Голема Албанија.

Според него, во Европа се здружуваат различни земји како што се Австрија, Данска, Франција, но тоа не значи национално обединување.

,,Затоа мора ние овде да се обединиме во еден вид федерација“ изјавил Курти .