,,А војна да имаме“?

Пред две години, во февруари 2015 година беше објавена првата така наречена опозициска ,,Бомба“ со која стартуваше најголемата афера во историјата на македонската држава. Зоран Заев објави дека на д 20.000 граѓани биле нелегално прислушувани . Тогаш, најави дека ќе поднесат кривична пријава против Сашо Мијалков, директор на УБК и Горан Грујовски, раководител на Петта управа при МВР.

Преку Бомбите дознавме за многу недозволени работи и злоупотреби во врвот на власта. Една од тие Бомби беше онаа во која десната рака на Никола Груевски, Мартин Протуѓер во разговор со Гордана Јанкуловска зборуваат колку не можат да ги поднесат ,,шиптариштата“, па тој предлага ,,А војна да имаме?“, а таа му одговара-За еден саат ќе ги згазиме.

Триесет и втората бомба го открива и планот на власта предводена од ВМРО ДПМНЕ како да се стави Зоран Божиновски со некој ,,циган“ во келија со хомосексуални нагони кога ќе биде екстрадиран од Србија, како се планира да се деградира и понижи полицаец кој е виден на протест за поддршка на Љубе Бошковски. Потоа, како Груевски бара да се направи барокна зграда, за да го ,,разубави“ просторот кај Бристол и да ги сокрие ,,грдите “ згради и како не е важно што ќе се бунат станарите бидејќи тие и така се ,,комуњари“….

Триесет и втората бомба беше објавена на 15.05.2015 година.

 

,,Ова не е на Дивиот Запад, ова е во Република Македонија. Човекот кој зборува не е каубоец од филмовите, тоа е братучедот на Никола Груевски, 9 години директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Калашњиковите и истрелите се и од оружје на државните безбедносни сили на Република Македонија, злоупотребено во рацете на паравоените структури што вежбаат, се обучуваат и хараат низ земјата, под команда на Сашо Мијалков, за целите на Никола Груевски.
Како се чувствувате? Безбедно? Сигурно? Мирно, во својата земја? Си помислувавте некогаш дека ќе живеете во ваква Македонија, претворена во приватен пашалук, од аздисаност до бесвест? “-запраша пред неполни 2 години Зоран Заев, претседател на СДСМ, објавувајќи ја 32 од вкупно 38 материјали од најголемата афера во историјата на македонската држава. Аферата беше наречена ,,Бомби(а)“ во која на јавноста и беа презентирани материјали од прислушувани разговори.
Проектот на СДСМ ,,Вистината за Македонија“ откри многу вистини, почувствувани и непочувствувани, знаени и незнаени, откри многу лица, вистински и лажни. Предизвикаа тие вистини и гадење и презир и запрепастеност, до каде тоа отишле Груевски, Мијалков и нивните блиски соработници во забеганоста по пари и моќ, за лични интереси-со овие зборови Заев ја правдаше одлуката да се отвори аферата, нагласувајќи често дека колку што можеле внимавале да не изнесуваат разговори од лична природа.
Сепак, некои приватни разговори беа делумно пренесени, бидејќи според СДСМ, од тие разговори се гледа одредена злоупотреба на власта која била споделена во разговор со блиски од семејството или познаници.
Оценката на опозицијата беше дека прислушуваните материјали претставуваат показател за  загрозување на безбедноста, сигурноста, спокојот на граѓаните кои живеат во земјава. Според нив, од аудио снимките се дознава дека под власта на Груевски и Мијалков загрозена е и стабилноста на нашата држава.
АКО.мк