Бавно труење на жителите на Скопје

Мерните станици на ПМ честички на територија на град Скопје во овие моменти покажуваат страшно висока концентрација на ПМ честички, своевидна прашина која настанува со прекумерно користење на автомобили, огревно дрво и други материјали за греење на домаќинства кои ја загадуваат околината, фабрички оџаци, градежни активности.

Моменталните показатели се опасни за човековото здравје, но надлежните буквално ништо не преземаат.

Сета оваа штетна прашина се лепи за дишните патишта и градите на луѓето, а посебно штетно влијаат врз децата. Статистиката покажува дека во Македонија годишно умираат над една илјада жители како последица на загадувањето.

Секојдневно, најголема концентрација на загадувачки и опасни честички има кај Ректорат 837 во моментот, Лисиче, Гази Баба, Аеродром. Вечерва нешто помала концентрација има во Центар и Карпош над 200 на метар кубен.