Бакрачески да даде одговор што се случува со Охридско езеро

Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро
-побара денеска општинската организација на СДСМ од Охрид.

,,Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?!

Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична.
Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото.
А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат.

Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото?
Од кого и за што?
Брзо ќе се дознае!-велат во реакцијата охридските социјалдемократи.

,,Укажуваме дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство и сите штети по езерото се противзаконско дело!

Со промените што доаѓаат, ќе се стави крај и на безобразниот однос кон Охридското Езеро.

Секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија, ќе одговара,,- се вели во нивната реакција..