Бакрачески му ја предаде функцијата – градоначалник на училишниот другар од основното и средно образование Јован Стојаноски.

После еден 4-годишен мандат ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, му ја предадоа функцијата на новоизбраниот градски татко од СДСМ, професорот д-р Јован Стојаноски.
Како што им личи на двајца другари и на двајца интелектуалци од космополитскиот Охрид, примопредавањето започна со кафе, пријателски разговор и потсетување дека во кабинетот влегуваат двајца пријатели кои ги делеле училишните клупи, уште од прво одделение.
Досегашниот градоначалник Никола Бакрачески, честитајќи му го изборот на Стојановски, му посака успешна реализација на безброј проекти корисни за граѓаните на Охрид и успешно спарвување со предизвиците на овој град.
“Секој нареден градоначалник да биде поуспешен од претходникот. Тоа ќе биде една потврда за прогрес и просперитет на градот Охрид, а секако и на граѓаните коишто живеат во градот. Не се сомневам дека тој е личност која ќе знае како да ги менаџира проблемите и предизвиците на градот Охрид и знам дека ќе испорача многу проекти за доброто на охриѓани и градот” – рече Бакрачески. 


“Искажувам благодарност за сето она што досега го направи Бакрачески. Како луѓе секогаш треба да гледаме на позитивните работи и секогаш треба да ги надоградуваме работите кои нашите претходници ги направиле. Посакувам Охрид да оди во еден позитивен правец и да го добива се повеќе она што го заслужува како бисер на Балканот и на нашата држава. Се надевам дека во наредниот четиригодишен период ќе ги решаваме сите тие проблеми и ќе постигнеме развој за нашиот град и она што сите го очекуваат да Охрид стане престолнина на Република Македонија” – рече Стојановски.

Веле Митаноски