Бан Ки Мун: Во Алепо е како во кланица

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, оцени денес дека ситуацијата во делови на Алепо кои се под контрола на бунтовниците е „полоша отколку во кланица“ и индиректно ги обвини Русија и властите во Дамаск за воени злосторства.

Тој го рече ова на седница на Советот за безбедност за здравствената заштита во вооружениот судир, по повод бомбардирањето на уште две болници во источниот дел на Алепо.

Бан Ки Мун наведе, не именувајќи ниту една земја, дека „тие кои користат оружје за уште поголемо уништување, точно знаат што работат и знаат дека прават воено злосторство“ и додал дека „болниците, клиниките и медицинскиот персонал во Алепо се цело време мета на напади“ и порача дека меѓународното право е „јасно“ и дека „одговорните мораат да се процесуираат.“

Сириската војска отпочна операции за превземање на контролата над бунтовничкиот, источен дел, на Алепо кој изминатата седмица беше цел на најсилните напади од воздух од почетокот на војната.