Барди одигра 90 минути, Леванте загуби од Атлетико

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 90 минути против Атлетико Мадрид кој славеше со 1-0  со гол од пенал на Гризман во 57 минута. Барди на овој натпревар имаше две одлични шанси, во 70 минута шутираше за малку непрецизно, во 81 минута неговиот шут беше блокиран од домашната одбрана. По овој пораз, Леванте се наоѓа на 11. позиција со 23 бода, Атлетико е втор со 38 бода.