Шампионот на Примера, Барселона, ги промовираше новите дресови за следната сезона со помош на дрон. Дизајнот на новите дресови потсетува на оние од сезоната 2011/12 година.

Каталонскиот клуб остана верен на спортскиот производител “Најки”, а фудбалерите на Барселона и натаму на своите дресови ќе го носат името на јапонската компанија за интернет продажба “Ракутен” со која е потпишан четиригодишен спонзорски договор тежок 216 милиони евра.

На денешната промоција на новите дресови беа присутни Филипе Кутињо и фудбалерката Леила Оуахаби.