Френки де Јонг важи за еден од најталентираните играчи во светот, тој  е нов челн на Барселона. Клубот од Шпанија за Де Јонг кој има 21 година му плати на Ајакс 90 милиони евра, дури 15 повеќе од понудата која клубот од Холандија ја имаше од ПСЖ. 

Френки де Јонг  играше стандардно за Ајакс  но и репрезентацијата на Холандија, имаше понуди и од Баерн Минхен и Манчестер Сити но ја избра Барселона. Според извори од Холандија, младиот Де Јонг ќе заработува 16 милиони евра по сезона а потпишал договор на пет години со Барса.