Бебе и неговото спасување ја расплакаа новинарката

Новинарката на BBC, Кејт Силвертон се расплака во живо на програмата по емитување на снимката на спасување на едно бебе од урнатините по бомбардирањето во Сирија.

Како што наведува ,,Индипендент” , 46 годишната новинарка не можела да се воздржи по емитувањето на ужасните снимки на кои се гледа како еден спасувач држи бебе во рацете кое го извлекол од урнатините.

Со солзи во очите тој извикува ,,Ох боже” , повторувајќи и обидувајќи се да ја избрише прашината од бебето.

Снимката е направена во сирискиот град Идлиб, кој е погоден од повеќедневните бомбардирања од страна на руските и сириските воздушни сили.

,,Со божја помош успеавме да го спасиме ова мало девојче, изјавил волонтерот, немаше ниту една повреда”.

Тој е еден од волонтерите на организацијата Бели шлемови, а е идентификуван како Абу Кифах

Во продолжената снимка од видеото се гледа како новинарката најавува друга приказна, но видно потресена и со солзи во очите.