Изминатата ноќ букна уште еден пожар во пренатрупаниот бегалски камп Мориа на грчкиот остров Лезбос.

Во овој втор голем пожар во изминатите неколку дена, изгоре сѐ што остана од претходниот.

Сите 12.500 бегалци избегале и нема настрадани. Грчките служби успеале да ги евакуираат и болните од Ковид 19.

Поради оваа тешка и вонредна ситуација, грчката Влада ќе одржи вонредна седница на кризниот штаб.

Во овој камп се сместени 4 пати повеќе бегалци од неговиот капацитет.

Жителите на Лезбос долго време протестираат и бараат негово затворање и изместување на сите бегалци кои пристигнуваат тука со години и остануваат на островот.