Бегалците од штипската болница се најдени и ставени во изолација

Двете лица кои избегаа од штипската болница се пронајдени и се ставени во изолација, соопшти Министерство за здравство.

Пациентот и неговата партнерка која е хрватска државјанка, пред неколку дена допатувале од Италија. Бидејќи почувствувал симптоми на вирусот дошол да се тестира на инфективниот оддел на болница во Штип.

Иако докторите му рекле да остане во болницата додека стигнат резултатите, тој го скршил прозорецот од собата во која бил сместен и избегал.

Полицијата го пронајде во неговиот дом во Виница, по што се ставени и двајцата во изолација.